Sony Xperia XZ - Прво вклучување на уредот

background image

Прво вклучување на уредот

Се препорачува да ја полните батеријата најмалку 30 минути пред да го вклучите уредот за
првпат. Уредот може да го користите и додека се полни. Видете Полнење на уредот на
страницата 36.
При првото вклучување на уредот, водичот за поставување ви помага да ги конфигурирате
основните поставки, да го персонализирате уредот и да се пријавите на своите сметки, на пример,
на сметката на Google™.

Вклучување на уредот

Важно е да го користите кабелот USB Type-C™ (што ви е даден) при полнење на уредот
бидејќи другите типови USB кабли може да го оштетат уредот. Се препорачува батеријата
да се полни најмалку 30 минути пред првото вклучување на уредот.

9

Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.

background image

1

Притиснете го и задржете го копчето за вклучување додека уредот не завибрира.

2

Внесете го PIN-кодот од SIM-картичката кога ќе се побара, па допрете

.

3

Почекајте малку за да се вклучи уредот.

Мрежниот оператор најпрво ќе ви го обезбеди PIN-кодот на SIM-картичката, но подоцна
може да го промените од менито Поставки. За да ја поправите грешката направена при
внесување на PIN-кодот од SIM-картичката, допрете

.

Исклучување на уредот

1

Притиснете и задржете го копчето за вклучување додека не се отвори менито со опции.

2

Во менито со опции, допрете Исклучување.

Може да помине одредено време додека да се исклучи уредот.