Sony Xperia XZ - Контрола на користењето податоци

background image

Контрола на користењето податоци

Може да го следите количеството податоци што ги испраќа и прима уредот во даден период преку
конекцијата со мобилни податоци или преку Wi-Fi конекцијата. На пример, може да го прегледате
количеството податоци што го користат одделните апликации. Може да поставите
предупредувања и ограничувања за податоците пренесени преку конекцијата со мобилни
податоци за да избегнете дополнителни трошоци.

Прилагодувањето на поставките за користење податоци може да ви помогне да имате
поголема контрола врз користењето податоци, но не може да гарантира дека ќе се
спречат дополнителни трошоци.

Како да помогнете да се намали користењето податоци

1

Од својот Почетен екран, допрете .

2

Пронајдете и допрете Поставки > Користење податоци > Штедач на
интернет
.

Вклучување или исклучување сообраќај на податоци

1

Од својот Почетен екран, допрете .

2

Пронајдете и допрете Поставки > Користење податоци.

3

Допрете го лизгачот покрај Моб. сообраќај на подат. за да го вклучите или исклучите
сообраќајот на податоци.

Кога сообраќајот на податоци е исклучен, вашиот уред сè уште може да воспоставува Wi-
Fi и Bluetooth® конекции.

Поставување предупредување за користењето податоци

1

Проверете дали е вклучен сообраќајот на мобилни податоци.

2

Од својот Почетен екран, допрете .

3

Пронајдете и допрете Поставки > Користење податоци > Циклус за наплата.

4

За да поставите ниво за предупредување, допрете Предупредување за
податоците
, внесете го ограничувањето за податоци и допрете Постави. Кога
количеството на сообраќајот на податоци ќе го достигне поставеното ниво, ќе добиете
предупредување.

Поставување ограничување за мобилните податоци

1

Проверете дали е вклучен сообраќајот на мобилни податоци.

2

Од својот Почетен екран, допрете .

3

Пронајдете и допрете Поставки > Користење податоци.

4

Допрете Циклус за наплата и допрете го лизгачот покрај Постави
ограничување на податоци
, а потоа допрете OK.

Откако користењето мобилни податоци ќе го достигне поставеното ограничување,
сообраќајот на мобилни податоци на уредот автоматски се исклучува.

Контрола на користењето податоци од страна на одделните апликации

1

Од својот Почетен екран, допрете .

2

Пронајдете и допрете Поставки > Апликации.

3

Допрете на апликацијата што сакате да ја контролирате и потоа допрете Користење
податоци
.

Промената на поставките за користење податоци на одделни апликации може да влијае
врз нивната изведба.

53

Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.

background image

Проверка на користењето податоци

1

Од својот Почетен екран, допрете .

2

Пронајдете и допрете Поставки > Користење податоци.

3

Пронајдете и допрете Потрошен сообраќај на мобилни податоци за да ги
прегледате информациите за количината на податоци пренесени преку конекцијата со
мобилни податоци.

4

За да ги прегледате информациите за количината на податоци пренесени преку Wi-Fi
конекција, допрете на Потрошен сообраќај на податоци преку Wi-Fi.