Sony Xperia XZ - Тастатури на екранот

background image

Тастатури на екранот

Во уредот се инсталирани повеќе обезбедувачи на текстуални записи.

Стандардниот обезбедувач на текстуални записи може да зависи од регионалните или
јазичните поставки што ги користите. Еден или повеќе обезбедувачи на текстуални записи
може да не се достапни во вашиот регион.

Тастатура на SwitfKey

®

Може да внесувате текст со тастатурата на екранот со допирање на секоја буква или може да ја
користите функцијата за тек на SwitfKey

®

и да лизгате со прстот од буква до буква за да

формирате зборови.

1 Бришење знак пред покажувачот.

2 Допрете за да внесете враќање на почетокот на редот или допрете и држете за да пристапите до смешковците.

3 Внесување интерпункциски знак.

4 Внесување празно место.

5 Допрете за да внесете запирка или допрете и држете за да внесете користејќи гласовно внесување.

6 Приказ на броеви и симболи.

7 Префрлање помеѓу мали букви, големи букви и сите големи букви.

За повеќе информации за SwiftKey

®

, појдете на https://swiftkey.com/

Преглед на тастатурата на Google

Може да внесувате текст со тастатурата на екранот допирајќи ја секоја буква поединечно или
може да лизгате со прстот од буква до буква за да формирате зборови.

1 Допрете го за бришење знаци пред покажувачот.

2 Допрете го за внесување нов ред, пристапување до смешковците или пребарување содржина. Функционалноста може

да зависи од типот текстуално поле.

3 Допрете го за внесување интерпункциски знак.

4 Допрете го за вметнување празно место.

5 Допрете го за внесување запирка.

6 Допрете го за прикажување броеви и симболи.

7 Допрете го за префрлање помеѓу мали букви, големи букви и сите големи букви.

69

Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.

background image

За да ја прикажете тастатурата на екранот за да внесете текст

Допрете поле за запис на текст.

Користење на тастатурата на екранот во ориентација на пејзаж

Кога ќе се прикаже тастатурата на екранот, свртете го уредот настрана.

Можеби ќе треба да ги прилагодите поставките во некои апликации за вклучување на
ориентацијата на пејзаж.

Внесување текст, знак по знак

1

За да внесете знак што е видлив на тастатурата, допрете го знакот.

2

За да внесете варијанта на знакот, допрете и држете обичен знак на тастатурата за да
добиете листа на достапни опции, а потоа изберете од листата. На пример, за да внесете
„é“, допрете и држете „e“ додека не се појават други опции, а потоа, додека го држите
прстот притиснат на тастатурата, повлечете и одберете „é“.

За внесување точка

Откако ќе го внесете зборот, двапати допрете ја лентата за празно место.

Внесување текст со помош на функцијата за внесување со движење

1

Кога ќе се прикаже тастатурата на екранот, лизгајте со прстот од буква до буква за да го
обележите зборот што сакате да го напишете.

2

Откако ќе завршите со пишување на зборот, подигнете го прстот. Предлог за зборот се
појавува врз основа на буквите што сте ги обележале.

3

Ако зборот што го сакате не се појавува, допрете за да видите други опции и изберете
соодветно. Ако не се појави саканата опција, избришете го целиот збор и повторно
направете обележување, или внесете го со допирање на секоја буква посебно.