Sony Xperia XZ - Поврзување на уредот со USB додатоци

background image

Поврзување на уредот со USB додатоци

Може да користите адаптер за USB Type-C™ домаќин за да го поврзете вашиот уред со USB
додатоци, како што се USB уредите за масовно зачувување, контролерите за игри, USB
тастатурите и USB глувчињата. Доколку USB додатокот има USB Type-C приклучок, не е потребен
адаптер за USB Type-C домаќин.
Адаптерите за USB Type-C домаќин се продаваат одделно. Sony не гарантира дека вашиот уред ги
поддржува сите USB додатоци.

Овој уред има порта за USB Type-C без капак. Ако уредот е изложен на вода, погрижете
се портата да биде целосно сува пред да го поврзете USB Type-C кабелот.

За пристапување до содржината на USB уредот за масовно зачувување со
помош на адаптер за USB Type-C™ домаќин

1

Прикачете го адаптерот за USB Type-C домаќин на вашиот уред, а потоа поврзете го
адаптерот со USB уредот за масовно зачувување.

2

Од својот Почетен екран, допрете .

3

Пронајдете и допрете Поставки > Конекција на уредот > USB врска > Откриј
USB-уред
.

4

За да пристапите до датотеките и папките на USB меморијата, користете апликација за
управување со датотеки, каква што е File Commander.

Може и да ја отворите соодветната медиумска апликација на вашиот уред за да ја
гледате содржината директно. На пример, може да ја отворите апликацијата Албум за да
ги видите фотографиите складирани на USB уредот за масовно зачувување.

Исклучување на USB уредот за масовно зачувување

1

За да се отвори паното за известување, повлечете ја лентата за статус надолу, а потоа
допрете го USB уредот.

2

Допрете ИЗВАДИ.

3

Отстранете го адаптерот за USB Type-C™ домаќин од уредот.

За поврзување USB додаток со помош на адаптер за USB Type-C™ домаќин

1

Прикачете го адаптерот за USB Type-C домаќин на вашиот уред, а потоа поврзете го
адаптерот со USB додатокот.

2

Од својот Почетен екран, допрете .

3

Пронајдете и допрете Поставки > Конекција на уредот > USB врска > Откриј
USB-уред
.

Може да се потребни дополнителни чекори или софтвер за да ги поставите контролерите
за игри, USB аудио и USB додатоците за Етернет. Sony не гарантира дека вашиот уред ги
поддржува сите USB додатоци.

121

Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.

background image

За поврзување USB Type-C™ додаток со помош на USB Type-C приклучок

1

Прикачете го USB Type-C приклучокот од USB Type-C додатокот на уредот.

2

Од својот Почетен екран, допрете .

3

Пронајдете и допрете Поставки > Конекција на уредот > USB врска > Откриј
USB-уред
.

Sony не гарантира дека уредот ги поддржува сите USB Type-C додатоци со USB Type-C
приклучок.

Поврзување на уредот со безжичен контролер
DUALSHOCK™ 4

Со помош на безжичниот контролер DUALSHOCK™ 4, може да играте игри складирани во уредот
на Xperia или на конзолата за игри со користење на далечинско играње.