Преземање апликации од Google Play™
Google Play™ е официјалната електронска продавница на Google за преземање апликации, игри,
музика, филмови и книги. Таа вклучува и бесплатни и апликации што се плаќаат. Пред да
започнете да преземате од Google Play™, проверете дали имате активна интернет конекција,
најдобро преку Wi-Fi, за да се ограничат трошоците за сообраќајот на податоци. За повеќе
информации, видете Дозволување или одбивање автоматски ажурирања на
апликацијата на страницата 63.
За да користите Google Play™, треба да имате сметка на Google™. Апликацијата Google
Play™ може да не биде достапна во сите земји или региони.
Преземање апликации од Google Play™
1
Од вашиот Почетен екран, допрете .
2
Пронајдете и допрете Play Store.
3
Пронајдете го објектот што сакате да го преземете преку пребарување категории или преку
користење на функцијата за пребарување.
4
Допрете го објектот за да ги прегледате неговите детали и следете ги инструкциите за да ја
завршите инсталацијата.
За да работат исправно, некои апликации можеби ќе треба да добијат пристап до
податоците, поставките и различните функции на уредот. Инсталирајте ги и давајте им
дозволи само на апликациите на коишто им верувате. Може да ги прегледате дозволите
коишто сте ги дале за преземената апликација и да го промените нивниот статус со
допирање на апликацијата под Поставки > Апликации.