Мени на почетниот екран на албумот
Од менито на почетниот екран на албумот може да пребарувате до сите фотоалбуми, вклучувајќи
ги фотографиите и видеата снимени со камерата на уредот со користење специјални ефекти, како
и содржината што сте ја споделиле на интернет преку услуги како што се Picasa™ и Facebook.
Штом ќе се пријавите на тие услуги, може да управувате со содржината и да ги прегледувате
сликите преку интернет. Од апликацијата Албум, може и да додавате гео-ознаки во фотографиите,
да извршувате основни задачи за уредување и да користите методи, како што се безжичната
технологија Bluetooth® и е-поштата, за споделување содржина.
1
Вратете се на почетниот екран на апликацијата Албум за да ја прегледате целата содржина
2
Прегледајте ги омилените фотографии и видеа
3
Прегледајте ги сите видеа зачувани во уредот
4
Прегледајте ги своите фотографии на мапа или во приказот Глобус
5
Прегледајте ги сите фотографии и видеа направени со камерата на уредот со користење специјални ефекти
6
Прегледајте ги сите фотографии и видеа зачувани во уредот во различни папки
7
Прегледајте ги фотографиите и видеата на уредите во истата мрежа
8
Отворете го менито со поставки за апликацијата Албум
9
Отворете ја веб-поддршката
10
Лизгајте нагоре или надолу за преглед на содржината
Прегледување фотографии од онлајн услуги во албумот
1
Од својот Почетен екран, допрете .
2
Пронајдете и допрете Албум, потоа допрете .
3
Допрете ја саканата онлајн услуга, потоа следете ги инструкциите на екранот за да
започнете. Се прикажуваат сите достапни онлајн албуми што сте ги префрлиле во
услугата.
4
Допрете некој албум за да ја прегледате содржината, потоа допрете фотографија во
албумот.
5
Потчукнете налево за прегледување на следната фотографија или видео. Потчукнете
надесно за прегледување на претходната фотографија или видео.
112
Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.