Sony Xperia XZ - Споделување и управување со фотографиите и видеата

background image

Споделување и управување со фотографиите и видеата

Може да споделувате фотографии и видеа што се зачувани на вашиот уред. Може и да
управувате со нив на различни начини. На пример, може да работите со фотографиите во групи,
да бришете фотографии и да ги поврзувате со контактите. Доколку во уредот имате зачувано
многу фотографии, добра идеја е редовно да ги пренесувате во компјутерот или во надворешен
мемориски уред за да избегнете непредвидливо губење на податоците. Со тоа ќе ослободите и
простор на уредот. Видете Управување со датотеките со помош на компјутер на
страницата 41.

Можеби нема да може да копирате, испраќате или да пренесувате објекти со заштитени
авторски права. Исто така, некои објекти може да не се испратат доколку датотеката е
преголема.

Споделување фотографија или видео

1

Во албумот, најдете ги и допрете ги фотографијата или видеото што сакате да ги
споделите.

2

Допрете го екранот за да се прикажат алатниците, потоа допрете .

3

Допрете ја апликацијата што сакате да ја користите за споделување на фотографијата, па
следете ги чекорите за испраќање.

Користење фотографии како слики за контактите

1

Кога прегледувате фотографија, допрете го екранот за да се прикаже алатникот, па
допрете > Користи како > Контакт фотографија.

2

Одберете контакт и уредете ја фотографијата по желба.

3

Допрете Зачувај.

Користење фотографија како заднина

1

Кога прегледувате фотографија, допрете го екранот за да се прикаже алатникот, па
допрете > Користи како > Заднина.

2

Следете ги упатствата на екранот.

Ротирање фотографија

1

Кога прегледувате фотографија, допрете го екранот за да се прикажат алатниците, па
допрете .

2

Допрете Ротирај, па одберете опција. Фотографијата се зачувува во новата ориентација.

109

Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.

background image

Бришење фотографија или видео

1

Кога прегледувате фотографија, допрете го екранот за да се прикажат алатниците, па
допрете .

2

Допрете Избриши.

Работење со групи на фотографии или видеа во албумот

1

Кога прегледувате мали слики од фотографиите и видеата во албумот, допрете го и
задржете го објектот додека не се означи.

2

Допрете ги другите објекти со коишто сакате да работите за да ги одберете. Доколку сакате
да ги одберете сите објекти, допрете , потоа допрете Одбери сè.

3

Користете ги алатките од алатникот за да работите со одбраните објекти.